Уставен привремено ја стопира ислатата на 30 отсто повисоки плати во Министерство за финансии

Уставен-привремено-ја-стопра-ислатата-на-30-отсто-повисоки-плати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Уставниот суд поведе постапка за преиспитување на уставноста на членот 66 став 3 од Законот за буџети, со кој се овозможи покачување за 30 отсто на платите на вработените во Министерството во финансии и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот.

Подносителот на иницијативите Mирослав Драганов ги оспорува Автентичното толкување на членот 66 став 3 од Законот за буџети и член 66 став 3 од Законот за буџети.

Според подносителот на иницијативата не е јасно кои вработени имаат право на дополнување на основната плата од 30 отсто, кои биле работните места со соодветни специфики и посебни одговорности и врз основа на што се определуваат овие места и кој ќе ги определува. Се додава дека со самата законска одредба се воведува основ за арбитрерно постапување на органот на државната управа при определување кој има право на пропишаниот додаток.

Понатаму, според подносителот, со Автентичното толкување, Собранието постапило спротивно на Уставот и на Деловникот бидејќи во постапката за давање автентично толкување на член 66 став 3 од Законот за буџети ја изменило толкуваната одредба со воведување на нови елементи и како последница на тоа била изменета и дополнета законската одредба спротивно на постапката за донесување на закони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK