Тренчевска – Ѕуо: Еднаков пристап за сите деца во детските градинки е на прво место

Тренчевска-–-Ѕуо-Еднаков-пристап-за-сите-деца-во-детските.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со Џанг Ѕуо, амбасадорот на Народна Република Кина. На средбата се разговараше за овозможување на инклузивен пристап за секое дете во градинките на територијата на нашата држава, тема што е дел од соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Амбасадата на Народна Република Кина.


Изминатата година со поддршката на кинеската амбасада, Министерството за труд и социјална политика реализираше изградба инклузивни игралишта и опремување на сензорни соби во градинки во Струмица, Крушево и Кривогаштани.

Како што извести МТСП, на средбата било разговарано и за идни соработки во делот на детската заштита пресретнувајќи ги заедничките интереси на двете страни. На средбата беше дефинирано дека вакви инклузивни игралишта и сензорни соби во наредниот период ќе бидат отворени и во Струмица, Велес и Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK