Мицкоски: Кисела Вода се менува, за месец дена ќе се објави тендер за изградба на нова детска градинка во Расадник, а Драчево ќе добие ново основно училиште

Мицкоски-Кисела-Вода-се-менува-за-месец-дена-ќе-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„За мене претставува посебна чест што сум денеска овдека присутен на почеток на изградбата на овој објект, оваа детска градинка. Објект кој што ќе значи дом за стотина дечиња понатаму. Објект кој што ќе значи нешто во кое што започнуваат најмладите во својот живот да се образуваат, да се дружат, да ги минуваат своите детски години од најраната младост. И објект кој што ќе значи додадена вредност во квалитетот на живот на жителите во овој дел од Кисела Вода. Уште еднашка ќе ми дозволите да му честитам на градоначалникот, на советниците, претседавачот на Советот, пратеникот во Собранието кој што доаѓа од Кисела Вода, за сето она кое што го прават за општината Кисела Вода“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Самиот градоначалник напомена дека за месец дена од денеска најдоцна ќе се објави тендерот како што добро слушнав за изградба на уште еден ваков објект, детска градинка во населбата Расадник. Потоа тука и основното училиште кое што ќе се гради во населбата Драчево.

Кога сето ова ќе се заокружи доаѓаме до заклучокот дека најголемиот дел од програмата, и повеќе од тоа што беше ветувано на изборите во 2021 година од страна на градоначалникот, администрацијата на Општина Кисела Вода ќе биде реализирана и испорачана. И тоа заслужува честитки и пофалби.

И морам да кажам дека на овој начин само така треба да се продолжи да се гради Македонија. И така ќе ја вратиме довербата кај граѓаните“, изјави Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK