Тошковски: Со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје доставени се четири и пол пати повеќе лични карти

pance-Toskovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје доставени се четири и пол пати повеќе лични карти.

-Пред две недели го укинавме претходно воспоставеното решение за достава на лични карти според кое полициски службеници ги доставуваа личните карти на домашна адреса на граѓаните и воведовме нов механизам за достава така што граѓаните можат во било кое време да ја подигнат својата лична карта во подрачната полициска станица според местото на живеење, истакнува Тошковски во објава на Фејсбук.

Тошковски додава дека за само две недели доставени се вкупно 12476 лични карти, односно во просек по 891 дневно, што е четири и пол пати повеќе во однос на претходно кога за период од 50 дена (18.01.2024 – 09.03.2024г.) биле доставени 10100 лични карти, односно 202 дневно.

-Овие бројки покажуваат дека новата мерка која ја донесовме пред две недели, а која се темелеше врз основа на претходно направени анализи е исправна и дава одлични резултати, истакнува Тошковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK