Тошковски на средба со претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници

Тошковски-на-средба-со-претставници-на-Македонската-асоцијација-на-туристички.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сретна со претседателот Димитар Кавраков и претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници.

Како што известуваат од МВР, на средбата претставниците на асоцијацијата ги претставиле проблемите со кои се соочуваат туристичките водичи, а пред се го истакнаа проблемот со патните исправи кои им се неопходни при своето секојдневно работење.

Туристичките водичи и придружници се амбасадори на нашата држава и треба да им се излезе во пресрет на нивните барања.

Министерот Тошковски изјави дека преземените мерки за забрзување на процедурите за сите граѓани веќе вродуваат со плод, па така истите ќе резултираат со позитивен исход и за членовите на Асоцијацијата на туристички водичи и придружници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK