Тошковски на средба со Бубевски: во фокусот потребата од високо ниво на институционална соработка за гонење на криминалот

Тошковски-на-средба-со-Бубевски-во-фокусот-потребата-од-високо.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари средба со Гаврил Бубевски, шефот на Основно јавно обвинителство Скопје.

На средбата се разговараше за тековните активности и потребата од високото ниво на институционална соработка помеѓу министерството за внатрешни работи и ОЈО Скопје како две најодговорни институции во контекст на гонење на криминалот, независно од тоа што во моментот владее техничка влада задолжена за спроведување на избори.

Исто така, од страна на Тошковски беше потенцирана заложбата за обезбедување на фер и демократски избори, па во таа насока МВР и ОЈО Скопје треба да бидат гаранција за безбедноста на изборите кои не очекуваат и сите противзаконски активности насочени кон рушење на кредибилитетот на изборниот процес да бидат соодветно санкционирани согласно законот, информираат од кабинетот на Тошковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK