Најостро го осудуваме нападот на Кренар Османи врз нашите членови и директорот Небиу, велат од Алијанса за Албанците

Најостро-го-осудуваме-нападот-на-Кренар-Османи-врз-нашите-членови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најостро го осудуваме синоќешниот физички напад на Кренар Османи, врз членовите на Алијансата за Албанците и директорот, Дритон Небиу, што се случи веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Собранието на АА, велат од оваа партија.

Случајот, како што истакнуваат, е пријавен до органите на прогонот и ги повикуваат да го расветлат и случајот да добие соодветен правен заклучок.

Ваквите настани, според Алијанса за Албанците, се неподносливи и имаат за цел оцрнување на единствениот политички субјект што се познава по традицијата на демократските и институционалните вредности.

„Апелираме до достојните членови на Алијансата за Албанците да се воздржат во овие одлучувачки денови да не станат и подлегнат на луѓе кои сакаат да му наштетат на нашиот голем и чист дом“, се потенцира во информацијата од Алијанса за Албанците.

Инаку и од СВР тетово потврдија дека вчеравечер во 21 часот и 40 минути во СВР Тетово, Д.Н.(36) од скопско Арачиново пријавил дека два часа пред тоа во угостителски објект на улица „Маршал Тито“ во Тетово, каде престојувал со уште неколку други лица, по претходна расправија, физички бил нападнат од 46-годишниот тетовец К.О., кој употребил и метален предмет.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од тетовската полиција.

Со објава на својот фејсбук профил се огласи и директорот на Агенцијата за одземен имот, Дритон Небиу, кој вчера бил нападнат во еден тетовски ресторан.

Тој во својата објава порача: „Можете да ме убиете но нема да ме исплашите“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK