Таравари на локалните оди со посебни советнички листи: Нема враќање назад


Taravari-vakcinalaen-punkt-Bukurest.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство и лидер на едно крило од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, не отстапува од одлуката на локалните избори да одат со сопствени советнички листи иако на власт дојдоа како дел од коалицијата „Вреди“ која, пак, се подготвува да прерасне во една политичка партија. 


„Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад. За сето друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори“, рече Таравари денес при посетата на вакиналниот пункт во Поликлиниката „Букурешт“.

И денес тој уверуваше дека владината коалиција е стабилна и има редовна комуникација со премиерот со кого очекува средба откога ќе се врати од службено патување.

Неговите досегашни коалициони партнери од „Вреди“, пак, сметаат дека Таравари самиот се исклучил од коалицијата и треба да си замине и од Владата оти не може и да биде дел од Влада и да преговара со ДУИ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK