Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со амбасадорот на Кралството Белгија Н.Е Фредерик Мерис

Средба-на-министерот-за-внатрешни-работи-Панче-Тошковски-со-амбасадорот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Белгија Н.Е. Фредерик Мерис.

На средбата министерот Тошковски го запозна амбасадорот Мерис за активностите кои во моментов се преземаат во министерството за внатрешни работи како дел од техничката Влада, а се во насока на спроведувањето на изборите процеси кои ни претстојат, како и правата и обврските кои ги има како министер во оваа техничка Влада, кои секако имаат цел за организирање фер и демократски избори.

Воедно, министерот Тошковски ја претстави подготвеноста за силна и ефикасна борба со организираниот криминал и корупцијата во иднина, што како процес не само политички туку и оперативно треба да ги потврди овие заложби.

Министерот Тошковски детално ги образложи преземените мерки со цел подобрување на процедурите за вадење на лични документи и го претстави проблемот кој технички предизвикува неможност да се постигнат роковите за навремено спроведување на овој процес кој доведува до нарушување на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните.

На средбата, амбасадорот Мерис ги поздрави заложбите за борба против организираниот криминал и побара овој вид соработка со Кралството Белгија да продолжи со посилен интензитет во иднина.

Во однос на роковите за промена на патните исправи на македонските државјани, амбасадорот Мерис истакна дека потребно е земјите членки на ЕУ да заземат заеднички став по ова прашање.

На крајот од средбата, министерот Тошковски се заблагодари за одржаната средба и изрази уверување дека полициската соработка меѓу двете земји ќе продолжи да се развива со несмален интензитет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK