Средба на Арта Билали Зендели со украинската амбасадорка Дир

arta bilali
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефицата на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО, Арта Билали Зендели денеска оствари работна средба со украинската амбасадорка Лариса Дир. Средбата, како се наведува во соопштението на Собранието, се реализираше во пресрет на Пролетната сесија на ПС НАТО во Луксембург и опфати повеќе димензии на соработката со Украина во рамките на ова тело на Алијансата.

Украина има асоцијативен статус во ПС НАТО, а од 2002 година е формирано и посебно тело за соработка UNIC – Интерпарламентарен совет Украина-НАТО, каде членка од делегација на Собранието на  Македонија е Арта Билали Зендели.


Амбасадорката на средбата информирала за актуелната ситуација во Украина и дипломатските активности на државниот врв во насока на обезбедување широка и недвосмислена поддршка на нејзините надворешно-политички аспирации. Таа го поздравила искрениот и суштински ангажман на  Македонија, поддршката и воената и хуманитарна помош, солидарноста со украинскиот народ. Особено се заблагодарила на формирањето на Интерпартиската група на Собранието во рамките на Кримската платформа, притоа посочувајќи дека нашето Собрание е прв парламент кој формирал посебна група.

-Шефицата на Делегацијата г-ѓа Билали Зендели истакна нашата земја е секогаш на страната на демократијата преку силната, безрезервна поддршка на Украина, како и преку донесувањето на Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Ја запозна амбасадорката дека таа лично, точно пред една година, во срцето на воените дејствија, заедно со колегите-парламентарци од ПС НАТО, беше во посета на Лвов каде директно се запознаа со состојбата на терен и дадоа политичка поддршка на украинските власти, се вели во соопштението.

Во однос на претстојните активности во рамките на ПС НАТО Зендели истакнала дека Македонија како земја-членка на НАТО ги споделува заедничките вредности на сојузниците и секогаш е на линијата на одбрана на слободата и територијалниот интегритет на Украина. Таа нагласила и дека истовремено Македонија се приклучила и кон санкциите што ги донесе ЕУ како одговор на руската воена агресија, со што надворешна политика на земјава е целосно усогласена.

-Соговорничките изразија заедничка увереност во позитивен и скорешен крај на војната и покренување на меѓународни иницијативи кои ќе придонесат кон валоризација на вредностите на мир, безбедност, територијален интегритет и суверенитет и институционална осуда на сите воени злосторства сторени на територијата на Украина, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK