Спречен обид за кримчарење на 84 часовници Касио, како и 7.560 парчиња накит по извршена контрола од страна на царински службеници од царинските испостави Охрид и Аеродром Скопје, информира Царинската управа.
Непријавените часовниците се откриени при контрола на возило на царинска испостава Охрид кое се пријавило за увозно царинење. Имено во увозната декларација декларирани се 66 парчиња рачни часовници од марката Касио, но при контрола на стоката утврден е вишок на производи што не се опфатени со декларацијата, односно непријавени 84 часовници од истата марка.
Непријавениот накит пак, односно 7.560 парчиња обетки и 7 килограми циркони се откриени при контрола на патните торби на турски државјанин кој допатувал со авион од Истанбул. Непријавените производи се запленети, и поведени се соодветни прекршочни постапки.