Детството е период на развој на љубовта кон спортот. Тоа е време кога децата учат како да ги слават успесите и да се приспособат на неуспесите, а тоа е непроценливо искуство што ќе го применуваат и на други полиња во животот, советуваат психолозите кои работат со деца.
Настаните што ги поттикнуваат децата да се движат, да спортуваат и да ја почувствуваат радоста од заедничката игра имаат посебно значење. Еден од нив е Детската трка на Виталиа, која годинава го одбележа своето четврто и најмасовно издание досега. Над 1.000 деца на возраст од 7 до 14 години трчаа на атлетската патека на Националната арена „Тодор Проески“, исполнувајќи ја со насмевки, енергија и спортски дух.
Погледнете го прилогот на телевизија Алфа за Детската трка на Виталиа
Медал за секое дете, радост на секој чекор
На оваа трка секое дете беше победник. Секој што ја помина целната линија доби медал — спомен од сопствениот труд и од еден ден исполнет со движење, дружење и радост. Од трибините, родителите и семејствата ги бодреа малите тркачи, а секое пристигнување на целта беше причина за аплауз и гордост.
Според мислењата на психолозите, спортот и физичката активност им помагаат на децата да стекнат корисни вештини, да ги развиваат когнитивните способности и подобро да се запознаат себеси и сопствените можности. Преку нив, децата учат да решаваат проблеми, да работат во тим, да се соочуваат со предизвици и полесно да се справуваат со притисокот.
Четвртото издание на Детската трка на Виталиа понуди токму такво искуство: можност децата да спортуваат, да се дружат и да се забавуваат, а дома да се вратат со медал, убави спомени и желба повторно да застанат на стартната линија.
Здравите навики почнуваат во детството
Партнер на настанот беше Атлетската федерација на Македонија. Оттаму истакнуваат дека децата треба да бидат физички активни во текот на целата година и дека спортот треба да стане составен дел од нивното секојдневие, придонесувајќи за нивниот здрав и правилен развој.
Со Детската трка, Виталиа веќе четврта година создава простор во кој децата ја откриваат радоста од физичката активност. Целта е движењето, балансираната исхрана и активното поминување на слободното време да станат природен дел од нивните навики, особено во време кога голем дел од денот го минуваат пред екрани.
Виталиа им се заблагодарува на сите деца, родители, семејства, партнери и поддржувачи што придонесоа трката во 2026 година да биде најмасовното издание досега. Секоја насмевка на целта потсети зошто ваквите настани се важни: ја будат љубовта кон движењето и им покажуваат на децата колку радост може да донесе спортот.
По уште едно успешно издание, Виталиа веќе гледа кон 2027 година, кога Детската трка ќе го одбележи своето петто, јубилејно издание.
Се гледаме повторно на стартната линија!