Мицкоски: Дон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има незадоволство од пораките на Урсула фон дер Лајен или од застојот на патот кон ЕУ, изјави:


„Видете, јас тоа го слушнав од опозицијата и од одредени медиуми блиски до опозицијата. Мислам дека не само што не ја говорат вистината, туку и се обидуваат сега и да ја искривуваат вистината. Јас, напротив, кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она коешто во иднина претставува посветеност лична и посветеност на Европската Унија, нѐ мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Јас само ќе кажам дека претседателката Фон дер Лајен, како никогаш досега, кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и за сето она коешто е посветено на приклучување на државата кон Европската Унија“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека очекува дека во периодот којшто следи, „конечно ќе можеме сите ние да го интензивираме овој процес и да најдеме решение за ситуацијата во којашто се наоѓаме“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK