Сотировски со честитка за годишнината од враќањето во канонско единство и апел до Синодот јавноста наместо во состојба на инструирана пресметка да биде поттикната на единство

sotirovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Дарјан Сотировски денеска по повод годишнината од признавањето и примањето во канонско единство на МПЦ-ОА, по одлуката на вселенскиот патрихарх Вартоломеј, истакна дека оваа историска одлука отворила светол пат за православието, но упати и апел до членови на Светиот архиерејски синод да поведат дополнително внимание и воздржување од јавни настапи кои на несоодветен начин и соблазнително тангираат односи и прашања особено помеѓу истакнати претставници на високиот црковен клир.

-Годишнините од значајните настани кои го одредиле курсот на натамошната национална историја се значаен повод да се потсетиме на суштината на тие големи и темелно релевантни достигнувања и случувања. Затоа денес на 9 Мај со радост покрај за падот на фашизмот да се потсетиме и на историскиот акт на Вселенската патријаршија потпишан од Неговата Сесветост Архиепископот на Константинопол, Новиот Рим и Вселенски Патријарх г. Вартоломеј, со кој се призна и прими во канонско единство нашата древна Охридска архиепископија, возобновена во лицето на Македонската православна црква, после децении на неправедна изолација од православната екумена, истакнува Сотировски во писмената порака.


Тој напоменува дека оваа историска одлука отворила светол пат по кој изминатава година „врвевме и ние, но и останатите помесни православни цркви кои ја препознаваа и признаваа нашата целосна црковна каноничност и независност“.

Сотировски вели дека надминувањето на долгогодишниот спор со сестринската Српска православна црква, многубројните сослужувања ширум светот и одлуките кои ги носеа и носат помесните цркви отвориле нов хоризонт пред Православната црква и покажале дека горливите проблеми сепак е можно да се надминуваат, а од тоа да добие секој.

-Сега кога продолжуваат сите сеопфатни ангажмани на Македонската православна црква –Охридската архиепископија да воспостави здрави и цврсти релации со останатите помесни цркви и до крај да ја изнесе на светлина нашата полна црковна автокефалност за која нашите претци сонувале, се вложувале и најпосле се определиле, да имаме предвид дека ова е период и на големи предизвици и искушенија, па затоа да ја дадеме полната поддршка и доверба на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Светиот архиерејски синод, вели Сотировски.

Директорот на Комисијата и со апел до членовите на Светскиот синод да се воздржат од несоодветни јавни настапи, а јавноста, особено црковната, да не ја доведуваат во состојба на инструирана пресметка, туку напротив да поттикнат единство.

-Почитувани членови на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква- Охридската архиепископија, целосно почитувајќи го начелото на секуларност и потпирајќи се на довербата во нашата заемна добронамерност, цениме дека е потребно да се поведе дополнително внимание и воздржување од јавни настапи кои на несоодветен начин и соблазнително тангираат односи и прашања особено помеѓу истакнати претставници на високиот црковен клир, бидејќи иако нивните гледишта можеби се разидуваат, нивните дела се и тоа како забележливи, а резултатите видливи. Цениме дека е потребно општата, а особено црковната јавност да не биде доведена во состојба на инструирана пресметка, туку напротив поттикната на единство. Заштитата на достоинството на секоја монашка заедница во државата е заштита на столбот на Црквата, исто како што и почитувањето на различното мислење и соборните одлуки се заштита на црковното единство, а сето тоа позитивно се одразува и на македонскиот национален интерес, за чија одбрана сме повикани сите, нагласува Сотировски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK