Сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 15 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.