Села: Контрабанда на ставот на Алијанса за Албанците преку статуси на Фејсбук нема да дозволиме

Села-Контрабанда-на-ставот-на-Алијанса-за-Албанците-преку-статуси.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на вонредна прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово објави дека свикува седница на ова партиско тело за в сабота на која ќе се бара одговорност за претседателот на партијата, Арбен Таравари.

Села рече дека ставот за самостоен настап на изборите е поддржан од 99 отсто од членовите на Централното собрание на партијата.

„Контрабанда на ставот на Алијанса за Албанците преку статуси на Фејсбук ние не можеме да дозволиме. Ја свикувам седницата на Централното собрание за во сабота на која ќе се одлучи за одговорност на претседателот на партијата како највисок орган кој решава помеѓу два конкреси“, рече Села.

Села кажа дека и покрај одлуката на партиските органи за АА да оди самостојно на парламентарните избори, Таравари решил да оди спротивно на ова.

„Алијанса за Албанците, како прво, не се продава. Не е на пазар. А не може никој, без да знае и која е цената, да ја продава. Затоа ние последниот став што го имаме во партијата, во Централното претседателство, е дека АА оди сама на избори. Тоа е став што е искажан и од претседателот на АА, Арбен Таравари“, вели тој.

Села го повика Таравари да дојде на собранието и да ја понесе одговорноста за, како што рече, сите нешта што ги направил на грбот на членството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK