Сончево и многу топло, максималната температура до 37 степени

drvja-leto.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи, особено утре.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK