Заврши реконструкцијата на игралиштето „Патрик“ во Аеродром

Заврши-реконструкцијата-на-игралиштето-„Патрик-во-Аеродром.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На почетокот на овој месец, Општина Аеродром и официјално ја заврши реконструкцијата и го пушти во употреба игралиштето „Патрик“, кое се наоѓа зад „Три Бисери“. Отсега, на оваа добро позната локација и на површина од 1600 квадратни метри, има модерно детско игралиште, како и две повеќенаменски игралишта за фудбал, ракомет и кошарка, извести општина Аеродром.


Станува збор за инвестиција која е реализирана со поддршка на општествено-одговорна компанија, а која значи многу за развојот на спортот во Аеродром, обезбедување на содржини за правилен развој на најмладите, како и одржување на настаните кои станаа симбол и традиција на маалскиот живот во Аеродром, се додава во соопштението на општината.

На својот Фејсбук профил, градоначалникот Тимчо Муцунски напиша дека „Патрик“ сега е едно од најубавите детски и спортски катчиња во Аеродром.

„Патрик со неговата традиција несомнено заслужуваше да стане едно од најубавите катчиња во Аеродром. На моја голема радост, успеавме да го постигнеме тоа. Детската радост, спортските натпревари и успеси и понатаму ќе се одржуваат во срцето на Аеродром, каде направивме повеќенаменски комплекс со простор и за дечињата и за спортистите. Во изминатите две години преку вакви и слични проекти креиравме простор за спортување, игра и урбано живеење во Аеродром“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK