(Видео) Диви депонии никнуваат низ Гази Баба, велат од партијата Левица

deponija-gazi-baba.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Двете најголеми скопски општини, Гази Баба и Аеродром, и двете управувани од кадри на ДПМНЕ, Гази Баба – од Бобан Стефковски, а Аеродром – од Тимчо Муцунски, се поврзани со мост од ѓубре“, рече советничка од партијата Левица во Советот на општина Гази Баба, Марија Ѓошевска.


„Мостот што ги спојува овие две општини е претворен во дива депонија од којашто се шири ужасна смрдеа. Депонија, којашто е магнет за кучињата скитници, кои, исто така, се слика за неизвршувањето на обврските од страна на првите луѓе во општините Гази Баба и Аеродром. Депонија, којашто е потенцијално жариште за ширење на заразни болести.

Граѓаните на Јурумлери и околните места веќе долго време се жалат на овој проблем, а за да може и пошироката јавност да види колкав е капацитетот на ДПМНЕ за решавање проблеми, предлагаме и на оваа локација да снимаат некој од нивните предизборни спотови во кои ќе побараат поддршка за вака да ги решаваат и проблемите во државата.

Како советничка група во Советот на Општина Гази Баба, ги повикуваме градоначалникот Бобан Стефковски, надлежните инспекции и ЈКП ,Гази Баба 2007′ да се разбудат од зимски сон, да се фатат за работа и да ја исчистат оваа депонија!”, додава Ѓошевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK