Скопје ќе блесне со Новогодишна магија на 15-ти декември, велат од прес-службата на Град Скопје.
Од тука информираат дека градот ќе биде украсен, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот преку, како што се наведува, сомнителни набавки.
„Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра.
Минатата година, во време на најголемата глобална економска и енергетска криза, градот беше накитен без дополнителни трошоци, а средствата предвидени за китење, но и трошоците кои порано се правеле за ручеци и пиење по кафани, беа наменети за ранливите категории на граѓани“, велат пд Град Скопје.