Продолжуваат активностите во чии рамки учениците од Аеродром се запознаваат со работењето на локалната самоуправа

Продолжуваат-активностите-во-чии-рамки-учениците-од-Аеродром-се-запознаваат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Аеродром продолжува со активностите во чии рамки учениците се запознаваат со работењето на локалната самоуправа. Како што соопштуваат, преку ваквите посети тие се запознаваат со работењето на општината, а нивните идеи и забелешки се добра основа за креирањето на политиките во иднина.



„Денес градоначалникот Тимчо Муцунски во просториите на општината ги прими учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“ кои имаа можност одблиску да се запознаат со работењето на општината. Притоа тој ги запозна со секојдневните обврски на градоначалникот, неговиот тим и администрацијата, актуелните проекти и активности насочени за децата, младите и целокупното унапредување на образовниот процес.

Денешната средба и интересот кој тие го покажаа, говори за тоа дека преку секојдневните активности и континуитетот во информирањето, успеваме општината да ја отвориме за јавноста, да ја доближиме до граѓаните и да ја направиме вистински сервис за сите кои живеат во Аеродром“, известува општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK