Делови од Карпош, Бутел, Илинден и од Сарај денеска без струја

struja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„ЕВН Македонија“ АД известува дека, денеска, без електрична енергија, ќе останат делови од општините Карпош, Бутел, Илинден и Сарај.







Во периодот од 8 до 9 часот, без струја ќе биде објектот на „Сатра“, како и корисниците лоцирани во околината на ТС „Сатра“ во општина Илинден.

Во периодот од 9 до 10 часот, објектите на наплатната рампа „Арнакија“ во општина Сарај ќе немаат струја, а во периодот од 9 до 13 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улицата Кнез Хатсон во општина Карпош.

Без струја ќе бидат и корисниците од улиците бр. 2, 13, 42, 52 и Радишанска во општина Бутел во периодот од 9 до 15 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK