Писмо од пациентите на Клиника Жан Митрев

Zan-Mitrev-Clinic
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите ние бевме сведоци на невидените напади и омраза кон врвниот доктор Жан Митрев излеани од страна на роднини на поранешни пациенти кои се појавија организирано пред Судот каде се одржуваше рочиштето за д-р Жан Митрев.







Како група пациенти се појавивме еднаш со нашата поддршка за д-р Митрев пред болницата и сметаме дека треба да ја повториме оваа поддршка во пресрет на новото рочиште.

Ние сме група на 100тина пациенти што поминаа низ пеколот наречен КОВИД и што успеавме да се избориме со него благодарејќи на Клиниката Жан Митрев. За ова ќе му бидеме благодарни цел живот, бидејќи најголемиот дел од нас беше донесен во болницата во екстремно тешка состојба. Тоа беше сликата во болницата – тешко болни каде некои од нив со недели поминале во други здравствени установи без успех. Јасна ни е болката за секој изгубен живот, јасно ни е дека бесот некогаш е посилен од разумот, но нејасно е како не се слуша нашиот глас, оној што му дава поддршка на Митрев. Затоа се решаваме повторно на овој чекор, на овој начин да се обратиме во јавноста.

Денеска го пишуваме ова писмо до јавноста благодарејќи на тоа што преживеавме КОВИД. Денеска сме живи благодарејќи на д-р Митрев бидејќи тој и неговиот тим направија се да се избориме со болеста. Немавме среќа како другите да поминеме со лесни симптоми, завршивме со денови, а некои од нас и со месеци да се бориме со последиците на вирусот. Многу е лесно да се дава генерализација за сликата и да се осудува, но секој од нас е посебна човечка приказна, секој од нас различно помина и се бореше и некој од нас се уште се бори со последиците од вирусот. Нејасно е како оваа цела криза заврши само на грбот на една од најдобрите болници во Македонија. Дали сте запрашавте како поминаа оние кои се лечеа на друго место? Дали проверивте колкава е смртноста? Дали сте прашале колку од нив починаа дека некој не знаеше да ги лечи? Дали прашавте дали некој се грижеше за нив, како за нас во Клиниката Жан Митрев? Некои од одговорите можеме и ние да ги дадеме, бидејќи голем дел од нас се бореа со последиците од вирусот прво во јавните здравствени установи, а некои и во приватни и потоа спасот го баравме кај д-р Митрев. Дали сте се запрашале дали некаде во светот некој одговарал од докторите што се обидувал да спаси животи за време на КОВИД? Ќе ви кажеме ние – нема. Дали сте се запрашале дали воопшто некој од нашите доктори знаеше што да прави за време на кризата? Да ве потсетиме сите ние, па и тие беа како муви без глава. И на крај дали некој се сеќава дека приватните установи беа вклучени во борбата со КОВИД не на нивно барање. Ама кај нас најлесно е да се впери прст без да се направи вистинска анализа и без да се води сметка за човечките судбини. Научени сме да осудуваме без да почекаме да видиме што се фактите.

Нашата поддршка ќе ја даваме на секое рочиште на д-р Митрев, бидејќи самите знаеме низ каква голгота поминавме и колку сме благодарни на него и неговиот тим што денеска сме живи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK