Градежен зафат се одвива во населбата Кисела Вода. Општината целосно ја реконструира улицата Марко Орешковиќ со нејзините краци, на површина од преку 2500 квадратни метри.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изврши увид во реконструктивните активности на кои жителите чекаа повеќе од 30 години.
„Продолжуваме со обновата на инфраструктурата низ целата општина која досега опфати преку 45 км улици и патишта. Денес сме во населбата Кисела Вода, на улица “Марко Орешковиќ”, собраќајница која имаше големи оштетувања кои го отежнуваа движењето и за пешаците и за возилата, но и покрај тоа, не била реконструирана над три децении. Зафатотот се одвива на потегот од улицата “Мариовска”, опфаќајки ја улицата “Марко Орешковиќ” и нејзините краци. Во овој дел од општината живеат околу 800 лица кои до поранешните раководства на Општината, цели три децении упатувале барања за реконструктивни активности, но за жал, досега не наишле на позитивен одговор. Она што од мене им беше ветено во целост ќе биде реализирано. Денес извршив увид и можам да кажам дека за околу две седмици сообраќајот во овој дел од Кисела Вода ќе се одвива по целосно рекоструирани улици. Секако, не застануваме тука. Со доаѓањето на пролетта, имаме можност да ги интензивираме градежните активности низ сите населби и населени места и да бидеме уште еден чекор до целта-до крајот на мојот мандат, а и многу порано од тоа, во општина Кисела Вода да нема неасфалтирана улица“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.