ЈП Водовод и канализација Скопје апелира рационално да се користи водата

voda_435353543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– ЈП „Водовод и канализација“ Скопје денеска упати апел рационало да се користи водата  со оглед на најавите од Управата за хидрометеоролошки работи дека  температурите деновиве ќе достигнат и над 40 °C.

Апелираат да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, перење автомобили, полнење на базени, но и за спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци, со кои се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во Скопје.


-Доколку граѓаните на Скопје забележат див приклучок треба да го пријават на 023073 010, [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS, наведуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Потсетуваат дека дивите приклучоци се забранети со Закон, врз основа на кој за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK