Oпштина Илинден започна со изградба на трим патека

ilinden_trim_878877
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

–  Oпштина Илинден започна со изградба на трим патека, со која, како што истакна градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски ќе се придонесе за поголема искористеност на туристичкиот потенцијал кој го поседува Ајватовски ред, и е од големо значење за оние граѓани кои имаат спортски и авантуристички дух.







Како што соопшти Општина Илинден изградбата на трим патеката ќе се протега од населеното место Ајватовци до Бучинци и таа  ќе биде наменета за пешачење, рекреација, планински велосипедизам, а  ќе бидат и  поставени информативни табли, летниковци за одмор на граѓаните, клупи, корпи за отпадоци…

Проектот е предвиден и во Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022 – 2026, а локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму во реализација на проектите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK