Градоначалникот Александар Георгиевски им додели признанија на најуспешните ученици од општина Илинден


nagradeni-ucenici-opstina-ilinden-2026-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги прими учениците од општинските основни училишта кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати на државни натпревари и освоија високи пласмани во различни области.


На приемот, градоначалникот им упати искрени честитки на наградените ученици и на нивните ментори за вложениот труд, посветеност и остварените успеси, нагласувајќи дека нивните достигнувања претставуваат гордост за целата општина. Тој истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе продолжи да ги поддржува и мотивира младите таленти, препознавајќи го знаењето како најзначајна инвестиција во иднината, извести Општината.

По тој повод, на учениците и нивните наставници – ментори им беа доделени признанија како знак на благодарност и почит за нивните исклучителни резултати. Признанијата претставуваат поттик за понатамошен развој и афирмација на знаењето, креативноста и натпреварувачкиот дух кај младите.

Наградените ученици остварија забележителни успеси на државни натпревари по повеќе наставни предмети и области, што го потврдува високиот квалитет на образовниот процес во училиштата на територија на општина Илинден, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK