Го осудуваме секое насилство кон новинарите, но и насилството од новинарите, велат од Град Скопје за инцидентот со новинарот Арсов

Danela-Arsovska-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Правото и слободата на говорот и јавното информирање е прво и основно правило на демократијата, се разбира само тогаш кога ова право не се злоупотребува како инструмент на политички и лични интереси и во свесно ширење на лаги и дезинформации, велат од Град Скопје.



„Го осудуваме секое насилство кон новинарите, но и насилството од новинарите“, се истакнува во нивната реакција.

Апелираат Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ како и Македонската асоцијација на новинари-МАН сериозно и детално да ги разгледаат сите факти во врска со обвинувањата на репортерот Мартин Арсов, и да го преиспитаат неговото членство во како што велат еснафските организации чии етички кодекси во целост биле прекршени од негова страна во текот на вчерашниот ден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK