Герасимовски: Тодор Гечевски е новиот спортски директор на КК „Работнички“

Герасимовски-Тодор-Гечевски-е-новиот-спортски-директор-на-КК-„Работнички.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тодор Гечевски и официјално е новиот спортски директор на КК „Работнички“ објави денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. На прес конференцијата Герасимовски истакна дека со новото раководство очекува победа на квалификацискиот турнир за ФИБА Евро купот во Скопје кое ќе трае од 2 до 5 октомври.


„По неколкугодишна пауза, тимот од Центар сезонава повторно ќе игра во квалификациите за ФИБА Евро куп но со ново засилување. Тодор Гечевски се враќа во тимот каде што ја заврши својата кариера но како нов спортски директор на КК „Работнички“. Ова засилување на тимот верувам дека ќе донесе нова свежина и победа и на домашната и меѓународна сцена. Верувам дека на целата спортска јавност и недостасуваа моментите на навивање, бодрење и целата таа возбуда и желба за победа. Се надевам дека Црвено-белите повторно ќе го вратат некогашниот сјај и ќе се вратат на победничките патеки“, изјави Герасимовски.

Гечевски пак истакна дека со стабилниот буџет од генералниот спонзор „Мтел“ и „Видеолотарија Касинос Австрија“ се добро подготвени и за сериозни успеси. Тој очекува и победа на турнирот за квалификација за ФИБА Евро купот.

„Оваа сезона имаме посериозна екипа, неколку нови засилувања. Домашниот терен и квалитетот со кој располагаме ни дава за право да се надеваме на прво место во претстојните квалификации, иако постои можност и како второпласирани во групата, да продолжиме во меѓународните натпревари. Мислам дека сме добро подготвени. Екипата е направена порано за да има време за воигрување. Четириесетина дена сме во тренажен процес. Размислуваме за сериозни успеси и верувам дека со нашите навивачи можеме да го постигнеме тоа. Одиме натпревар по натпревар. Со стабилниот буџет и поддршката од двата големи спонзори општината Центар и МТЕЛ мислам дека можеме до успеси“, изјави Гечевски на денешната прес-конференција.

Работнички денес од 18 часот го игра натпреварот од 1. коло во македонското првенство против ТФТ. Воедно КК „Работнички“ ќе биде организатор и на натпреварот во кој ќе настапи ривалот Донар Гронинген од Холандија, потоа романскиот Рапид Букурешт и Сахах од Азербејџан кои од неодамна го преземаа нашиот тренер Боби Митев.

Општина Центар ги кани граѓаните назад на трибините да го поддржат тимот, а локалната самоуправа како и досега ќе продолжи да дава поддршка за да го врати стариот сјај на КК „Работнички“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK