Герасимовски: Нова сензорна соба добива училиштето „Киро Глигоров“ во Капиштец

Герасимовски-Нова-сензорна-соба-добива-училиштето-„Киро-Глигоров-во-Капиштец.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Од денеска учениците со образовни потешкотии во ООУ „Киро Глигоров“ добиваат нова и комплетно опремена сензорна соба која е донација Турската агенција за соработка и координација „ТИКА“. Станува збор за донација на сензорна туба (со меурниња) која менува бои, сензорни влакна, пректор со диск, сензорна светлечка маса, светленки листови и бројки, базен со топчиња, лулашка, темен шатор, трамполина, светлечки лед ципли, тактилен полигон за балансирање кои ќе го подобрат совладувањето на наставните содржини.

„Инвестирањето во раниот детски развој е од исклучително значење за нашите деца. Вклучувањето на овие ученици во редовната настава е дел од образовната стратегија и сензорната соба што од денес ќе им биде достапна на децата од ова училиште е само уште еден мал чекор кон исполнувањето на главната цел, а тоа е нивна целосна инклузија. Предноста на оваа соба е тоа што можат да ја користат деца кои немаат вербална комуникација, но исто така се користи и во ситуации за намалување на вознемиреност, развојни потешкотии и сл. Искрено им се заблагодарувам на ТУКА за оваа донација која верувам дека ќе придонесе за полесно совладување на наставниот материјал, ќе донесе поголема мотивација децата да учат и да истражуваат, но и да го намалат стресот и да ја зголемат концентрацијата“, изјави Герасимовски.

„Ме радува што и ние имавме прилика да се вклучиме во еден ваков значаен проекти во соработка со самото училиште и Општина Центар каде што мислиме дека е даден голем допринос на децата коишто навистина имаат потреба во зголемувањето на нивната концентрација и намалување на стресот, како што истакна градоначалникот. Сите тие материјали и таа опрема којашто е сместена во сензорната соба, се надевам и од се срце верувам дека ќе даде најголем допринос за учениците најнапред, за наставниот и целиот друг кадар во самото училиште. Јас се надевам и од се срце верувам дека со оваа наша заедничка соработка ќе се даде најголем допринос во развој на моториката на тие дечиња и во зголемување на нивната концентрација околу наставните програми“, истакна Махмут Чевик, помошникот на претседателот на „ТИКА“.

Сензорната соба е наменета за околу 20-тина ученици од основното училиште „Киро Глигоров” и истата ќе биде во функција додека се изведува воспитно-образовната настава. Во моментов во Општина Центар, функционираат сензорните соби во ООУ Гоце Делчев, Ј.Х. Песталоци, 11 Октомври, Кочо Рацин, Кирил и Методиј, а од денеска и сензорната соба во ОУ Киро Глигоров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK