Четвртоодделенците од „Лазо Трповски“ се вратија со награда од Берлин

grupna-berlin-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Учениците од 4в одделение од ООУ „Лазо Трповски“ (општина Карпош) освоија награда во рамки на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2024, кој традиционало се одржа во Берлин (Германија). Станува збор за заедничкиот проект „Летаме со Ербас“, кој го изработија четвртоодделенците во координација со двајцата наставници – ментори, Александра Неделковска – Петровска и Стефан Симовски, извести општина Карпош.

„Главен организатор на натпреварувањето беше Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин, во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија и Сојузната конференција за образование и истражување на Германија. Во организацијата на ова елитно натпреварување учествуваа и реномираните Луфтханза Техник АД и концернот ЕАДС (во чиј состав влегува и познатиот производител на патнички авиони „Ербас“).

Инаку, конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение, годинава ја донесе деветчлено стручно жири. Поточно, за квалитетот на изработените проекти одлучуваа претставници на организаторот, универзитетски професори (астрофизичари), наставници, германски владини претставници, германски парламентарци, медиумски работници и претставници на концернот Ербас“, соопштуваат од општината Карпош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK