Без вода дел од корисниците во Општина Центар, амбулантата Пролеќе и ул. „Благоја Страчков“

voda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 2 цола на бул. „Никола Карев“ бр.9 во населба Центар, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од булеварите „Никола Карев“ и „Трета Македонска Бригада“, како и објектот на амбулантата Пролеќе.







Без вода денеска ќе бидат и дел од корисниците од ул. „Благоја Страчков“, поради дефект на приклучна од Ф-3/4 мм на ул.„Благоја Страчков“ бб раскрсница со „Ристо Шишков“ во населба Центар. Како што информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK