Сите патишта проодни, снег на повеќе планински правци, магла ја намалува видливоста на неколку превои


Depositphotos_52360219_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сообраќајот на државните и регионалните патишта низ земјава се одвива непречено, по влажни коловози. На неколку планински правци има слаби врнежи од снег, додека маглата ја намалува видливоста до 100 метри на повеќе делници, информираат од ЈП „Македонија пат“.


Намалена видливост поради магла има на планинскиот премин Плетвар, на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража, на делницата Маврово – Дебар, како и на патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Слаби врнежи од снег се регистрирани и на патниот правец кон Попова Шапка, односно на делницата село Лисец – Попова Шапка.

Од „Македонија пат“ информираат дека сите патни правци во државата се проодни и дека дежурните екипи се постојано на терен, со целата расположлива механизација, чистејќи го снегот и одржувајќи ги патиштата проодни.

Ангажирани се екипи на критичните превои, а обезбедени се и потребните количества сол и ризла за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Сепак, предупредуваат дека на одредени патни правци што минуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Од претпријатието апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да ја приспособат брзината според условите на патот и задолжително да поседуваат зимска опрема.

За подетални информации за состојбата на патиштата, граѓаните можат да се јават на дежурниот телефон 02 25 61 502.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK