Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

siljanovska-pendarovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Гордана Силјановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во „Вила Водно“.

Таа претходно беше во Собранието каде што даде свечена заклетва за совесно и одговорно извршување на должноста.

Силјановска потоа се обрати пред пратениците, каде повика на единство, истакнувајќи дека ќе биде претстедателка на сите партии и сите граѓани, а говорот им го посвети на жените, сугерирајќи дека ќе биде инспирација за нивно учество во политичкиот живот.

Од денес почнува нејзиниот петгодишен претседателски мандат. Таа е шести претседател, и прва жена која се здобила со оваа функција од осамостојувањето на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK