Сиљановска Давкова го додели мандатот за состав на нова влада: Мицкоски има рок од дваесет дена за да ја формира

micko-siljanovska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за состав на нова влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Според Уставот, односно според членот 84, став 1, алинеја 1, една од надлежностите на претседателот е доделување на мандат за состав на влада.

Согласно членот 90, став 1, алинеја 1, мандатот задолжително се доделува во период по истекот на десет дена од конституирањето на Собраникето и тоа на лидерот на партиите што имаат мнозинство во Собранието. Сведоци сме дека денеска истекува десетиот ден“, нагласи претседателката на чинот на доделување на мандатот.

„При конституирањето на Собранието, претседателот на Собранието беше избран со 76 гласа „За“. Овој резултат и преговорите што се во тек ми даваат за право основано да сметам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има сериозна можност да формира влада, односно да освои 61 глас зад својата програма и зад составот на владата, што се разбира ќе го предложи во следните 20 дена“, нагласи Сиљановска Давкова.

Задоволство ми е, со сигурност да верувам, рече претседателката, дека чекорот што го превземам на Христијан Мицкоски е вистински правен и политички чекор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK