Мицкоски по добивањето на мандатот: Со новата реформска влада ќе нема граѓани од прв и втор ред

Влада-Новиот-деветти-пакет-антикризни-мерки-во-вредност-од-662.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во претседателската вила го доби мандатот за состав на новата Влада и им се заблагодари на граѓаните кои дадоа легитимитет на изборниот процес.

„Набргу ќе биде составена новата реформска влада, која ќе ги движи процесите напред. Граѓаните да се чувствуваат убаво, да нема граѓани од прв и втор ред. Да ги раздвижиме работите во економијата, подобрување на стандардот на живот. Да ја подобриме состојбата во здравство – во 21 век пациенти да губат живот чекајки по ходниците додека хируршките сали се во таква состојба, учениците да добијат учебници што е предизвик бидејќи состојбата во МОН е намерно опструирана, за учениците да немаат учебници кога ќе почне учебната година. Субвенциите да бидат навремено исплатени, да имаме дипломатија која ќе ги штити интересите на нашето семејство“, рече Мицкоски, притоа додавајќи дека главниот мотив е граѓаните кои заминаа во странство, да се вратат назад во својата татковина.

Прашан за тоа кои ќе бидат министри во новата Влада, Мицкоски рече дека не може да ги открие имињата оти од денес почнуваат внатрепартиските консултации за предлозите за членовите на Владата.

Мицкоски, во согласност со законот, има рок од 20 дена да ја формира Владата, но очекува тоа да се случи побрзо од превидениот рок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK