Денес СДСМ ја повлече кандидатурата на Љубомир Јовески за уставен судија, објави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, опишувајќи го како главниот политички егзекутор, слепиот послушник и заштитникот на криминалот на власта во изминатите 6 години.
Тој си ја заврши работата, а штета за тоа претрпе најмногу македонското судство, па сега СДСМ глумејќи одговорна партија се откажа од Јовески, вели Стојаноска.
„Љубомир Јовески повеќе не е им е потребен бидејќи здачата за која што беше поставен си ја исполни, а со тоа криминалите на СДСМ и ДУИ 6 години беа заштитени. Неговиот мандат беше проследен со многу скандали, безброј непокренати обвиненија, скриени предмети, смешни и бизарни пресуди, ослободување на криминалци и уште многу партиски нарачани одлуки и пресуди. СДСМ веќе нема никаква корист од Љубомир Јовески и исто као и со Катица Јанева и Вилма Русковска се одрекуваа од овој човек за повторно да си ги заштитат партиските интереси“, рече Стојаноска.
Како што додаде, доаѓа време на ревизии, на преиспитување на многу одлуки и решенија. Одговорност ќе има, вели Стојаноска, и за оние што правеле криминали, но и за оние кои што требаше да ги спречат истите, а ги штитеа.