Ковачки: Дали уште не е поднесен извештај до владата како НВО на сопругите на Муслиу и Битиќи потрошиле 620.000 евра од грантот

Ковачки-Дали-уште-не-е-поднесен-извештај-до-владата-како.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Постојат сериозни сомнежи дека парите од грантот од 620.000 евра кои го имаат добиено сопругите на директорот на АР Еролд Муслиу и на вицепремиерот во Владата Битиќи се злоупотребувани, обвини пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата постави неколку прашања до институциите:

„1 Дали Конзорциумот во кој главна е сопругата на директорот на АР, има поднесено извештај до Владата како се потрошени средствата од грантот добиен со сериозни индиции за трговија со влијание?

2. Дали е вистина дека до ден денешен до Владата не е поднесен никаков извештај за начинот како се потрошени средствата, како и за ефектот од проектните активности на овие НВО кои побарале и добиле можност да работат на безбедносни проекти?

3. Дали е вистина дека дел од средствата од грантот наместо за основната намена се потрошени на високи плати, хонорари, крстарења со бродови, престојувања во ресорти и патувања во странство?

4. Дали е вистина дека со овие средства се покривани ноќевања на лица кои во никој случај не смееле да бидат дел од тимовите кои работат со безбедносно сензитивни информации?“

Ковачки порача дека Ковачевски и Пендаровски мора да излезат во јавност и да кажат што знаат за случајот, а не да се кријат и да молчат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK