Рибеиро: Почитување на професионалните стандарди, соодветно финансирање и независно управување за долгорочна стабилност на МИА

rabeiro_45645654
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 –  Почитување на професионалните стандарди, соодветно финансирање и независно управување е нешто што треба да се овозможи за Медиумската информативна агенција да има долгорочна стабилност.







Ова во интервју за МИА го нагласи претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми, Тереза Рибеиро, која истакна дека на тој начин ќе се заштити Агенцијата од бизнис и политички влијанија и оти тоа би била главна препорака во однос на функционирањето на МИА.

-Како и јавниот радиодифузен сервис дефинитивно треба да се почитуваат професионалните стандарди, тоа е многу важно, потребно е да имаме соодветно финансирање и секако независно управувачко тело, кое ќе ја штити Агенцијата од какви било влијанија, кои доаѓаат од бизнис интереси или политички интереси, нагласува Рибеиро.

Таа потсети дека неодамна Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше голема дебата за можните начини за обезбедување на долгорочна стабилност на Агенцијата.

-Колку што јас знам  препораките се уште не се објавени, ќе бидам повеќе од среќна да ги разгледам, откако ќе бидат објавени и се надевам навистина дека ќе го најдете најдобриот начин за заштита на Агенцијата со цел да и се овозможи да ја продолжи извонредната работа што ја врши во земјава, истакна Рибеиро во интервјуто за МИА.

Таа се осврна и на претстојната Конференција за медиуми во Југоисточна Европа, која се одржува утре и задутре во Скопје, на состојбата со слободата на медиуми во Северна Македонија, на забелешката на „Репортери без граници“ за постоечката силна политичка поларизација, за реформите во јавниот радиодифузен сервис.

Интервјуто со претставничката на ОБСЕ на слобода на медиумите, Тереза Рибеиро заедно со видео материјал во целост ќе биде објавено утре.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK