Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер, попладне наместа со пороен дожд и грмежи

Променливо-облачно-со-сончеви-периоди-и-со-слаб-ветер-попладне.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен, а во североисточните делови од северозападен правец. Од пладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. UV=6

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи, особено во сабота. Потоа во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање со благ пораст на дневната температура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK