Продолжи комисиската расправа за избор на Светлана Жупаноска за член на Советот на јавни обвинители

komisiska-rasprava-javni-obviniteli
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Собранието денеска продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на чиј дневен ред е утврдување на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. Отворена е расправата за првата кандидатка Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд – Скопје.

На седницата присуствуваше само пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој беше и пријавен за збор. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дава поддршка за изборот, а нејзините пратеници и денеска продолжија со долги дебати и говори, како и при изборот на уставни судии.


Од ВМРО-ДПМНЕ побараа Жупаноска да ја повлече кандидатурата, бидејќи, според нив, не ги исполнува условите, како и да се поништи оваа процедура и да се објави нов оглас за избор на членови на Советот на јавните обвинители.

Стојаноски истакна дека треба еднаш засекогаш да се има професионализација, која што ќе биде базирана исклучиво на јасни мерливи критериуми и услови за избор на лица кои што треба да ги извршуваат функциите во правосудните органи.

Претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Марија Георгиевска се согласи со ставот на Стојаноски дека треба да има точно утврдени критериуми кои што треба да бидат точно прецизирани и многу построги. Таа потенцира дека пратениците треба да покренат иницијатива за промена на законското решение за изборот и на уставни судии и на членови на овие тела.

Иако не беше ставена точка на дневен ред на оваа комисиска седница, од ВМРО-ДПМНЕ упатија порака до актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ја повлече својата кандидатура за уставен судија.

Кандидати за членови на Советот на јавните обвинители, покрај Жупаноска, се и Кети Петкова, адвокат од Гевгелија, која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, како и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство. Од тројцата пријавени кандидати, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да изберат двајца за пополнување на испразнетите места во Советот, заради пензионирање на двајца негови членови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK