Приведени четворица албански државјани за незаконит риболов во Преспанското Езеро


nezakonit-ribolov.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата денеска приведе четворица државјани на Албанија поради незаконит риболов во Преспанското Езеро.


Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов.

Од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница. На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од околу 60 килограми.

По целосното документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK