Прилепчанец осомничен за фалсификување свидетелство за да полага за возачка


avtoshkola-Depositphotos_99313680_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А. (49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, информираат од МВР.


Според билтенот, во септември 2025 година пријавениот изработил лажна исправа – свидетелство на негово име, наводно издадено од основно училиште за завршено осмо одделение.

Како што наведуваат од МВР, тој имал намера документот да го употреби за пријавување во авто школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK