Предвидени се реконструкции, но и изградба на игралишта во штипските основни и средни училишта

ucilishte_234234342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Низа активности и проекти се предвидени да се реализираат летниот период во основните и средни училишта на територија на Општина Штип, најави денеска Снежана Санева, раководител на Секторот за образование во Општина Штип.

Посочи дека со средства  од буџетот на општината ќе се реконструираат кровни конструкции, училишни дворови, ќе се работи на спортски игралишта, како и внатрешно уредување на дел од училиштата додека учениците се на одмор.



– Во основните училишта би споменале дека во ООУ „Гоце Делчев“  ќе се работи на изградба на мултифункционално игралиште, во склоп на подрачното училиште во Три Чешми. Во ООУ „Димитар Влахов“ ќе се работи на реконструкција на кровот со средства од 3,5 милиони днари, ќе се работи и на ново мултифункционално игралиште со тартан подлога како и пристапен пат. Во ООУ „Ванчо Прќе“следи поставување на искачувачка карпа во една од просториите,  вели Санева.

Градежни работи  се предвидени и во средните училишта. Општината обезбеди средства за промена на прозорците во средното медицинско училиште, а внатрешно ќе уреди и СОУ „Коле Нехтенин“. Поднесена е и апликација до МОН за да се обезбедат пари за реконструкција на кровот на штипската гимназија „Славчо Стојменски.

– За средните училишта се превидени исто така низа активности. Во СОУ „Коле Нехтенин“ се обезбедени средства во износ од 2,2 милиони денари од буџетот за реконструкција и санација на училиштето во внатрешниот дел, а исто така и уредување на дворот. Во СОУ „Јане Сандански“ се обезбедени средства од 5,5 милиони денари за замена на прозорците со ПВЦ енергетско ефикасни прозорци,рече Санева.

Активносите предвидени за летниот период сѐ со цел учениците од наредната учебна година да се вратат на училиште во подобри услови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK