Повикувам Владата и сите во неа, без разлика на партиската припадност да работат во интерес на граѓаните: Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери

Повикувам-Владата-и-сите-во-неа-без-разлика-на-партиската.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Досегашниот премиер Димитар Ковачевски му ја предаде функцијата на Талат Џафери, претседателот на преодната влада.

„Денес го реализиравме примопредавањето на функцијата Претседател на Владата на РСМ согласно законските обврски за организирање на техничка влада чија што основна задача е да организира и спроведе слободни, демократски и фер претседателски и парламентарни избори. Сите започнати политики треба целосно и континуирано да се реализираат. Очеувам посветеност во работата концентрација на сите во владата и во оваа насока сметам дека работата ќе биде на највисоко ниво“, порача Ковачевски.

Апелираше до сите политички субјекти кои од денеска ќе бидат во владата да го имаат целиот актуелен контекст.

„Повикувам владата и сите во неа без разлика на партиската припадност да работат во интерес на граѓаните, на економијата, на безбедноста и на стабилноста.

Владата успеа да воспостави систем кој функционира во време на криза, политиките се поставени, мерките се јасни, очекувам сите да покажат јасна политичка волја за да се поддржи и одржи и економската и политичката стабилност и да се спроведат мирни, фер и демократски избори како што доликува на држава членка на НАТО и држава со отпочнати преговори со ЕУ“, истакна Ковачевски.

Според него, изминатите две години не биле воопшто лесни.

„Тие беа години на исклучително голема евроспка па и светска економска и енергетска криза но и покрај тоа направивме многу и никого не оставивме сами“, рече Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK