Победата на животот над смртта е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат, порача Филипче


filipce.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на сите верници од православната вероисповед им го честиташе денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.


„Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците.

Победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.

Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво – вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество.

Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани.
Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! За многу години Велигден!“, порача Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK