Петта Меѓународна недела на архивите

nedela-na-arhivi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓународниот архивски совет од денеска до петок ја организира петтата Меѓународна недела на архивите (#IAW2023), која ќе биде во знакот на одбележувањето на јубилејот 75 години од формирањето на Меѓународниот архивски совет (International Council on Archives – ICA) под покровителство на УНЕСКО, организација која ги обединува архивите и архивистите од целиот свет.







Како што информира Државниот архив, важноста на записите, архивите и архивската професија е темата која ќе биде популаризирана во рамките на онлајн-сесиите кои се предвидени да се реализираат, а во кои ќе учествуваат архивски институции и архивисти.

Оваа недела Меѓународниот архивски совет почнува кампања на социјалните медиуми, која ќе биде посветена на градењето на архивската заедница #ArchivesUnited во изминатите 75 години.

– Меѓународниот ден на архивите – 9 Јуни, со текот на годините прерасна во Меѓународна недела на архивите при што архивски професионалци од околу 200 држави во овој период сакајќи да го свртат вниманието на јавноста преку различни форми го промовираат сопственото работење и значењето на архивите, се вели во соопштението.

Од Државниот архив информираат дека ќе дадат придонес во одбележувањето на Меѓународната архивска недела со што денеска ќе биде поставена изложбата „Македонија памети – никогаш да не се заборави“ во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар. Архивистите од Државниот архив, како што се наведува, активно ќе се вклучат во вебинарите на МАС и ќе споделат сопствени искуства од работата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK