Петровска: Исплатите на вработените кои произлегуваат од колективниот договор ќе бидат направени по изборите

slavjanka-petrovska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На новинарско прашање поврзано со новиот Закон за вработените во одбраната кој беше неодамна донесен во Собранието, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, истакна дека тоа е еден од големите проекти кои се реализираат во одбраната, зашто, како што рече, не може да има силна Армија ако луѓето, кои се клучниот сегмент не бидат соодветно задоволни и не бидат мотивирани и понатаму да продолжат да ги извршуваат своите задачи.

„Јас сум горда на припадниците на македонската Армија и на вработените во Министерството за одбрана кои многу тешки процеси изминативе 32 години независност ги износеа на свој грб и многу трпеливо го чекаа овој момент на усвојување на новиот закон за вработени. Новиот закон лично јас не го гледам само како придобивка во делот на платите, многу повеќе го гледам како придобивка во олеснување на процесот и на вработување, меѓутоа и во процесот на унапредување на кадрите, особено, акцентирајќи ги оние критични специјалности“, рече министерката.

Во однос на примената на одредбите на овој Закон, министерката порача дека беа направени консултации со Државата комисија за спречување на корупцијата и дека исплатите ќе бидат направени по завршувањето на изборниот процес, но и дека сите права кои произлегуваат од Законот и од новиот Колективен договор се стекнато право за вработените во одбраната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK