Пендаровски: Во ВМРО-ДПМНЕ сега се „децата“ на Груевски, државата ја гледаат како акционерско друштво

Росоман-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски беше заедно со граѓаните на општините Градско и Росоман.



Пред граѓаните, Пендаровски посочи дека во изминатите години како претседател на државата не се однесувал дискриминаторски кон ниеден граѓанин, додавајќи дека тој заедно со актуелната владејачка гарнитура работел за подобар животен стандард на сите граѓани.

Осврнувајќи се на понудата од опозицијата, Пендаровски истакна дека во опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека тоа е партија каде уште е присутна истата матрица на Никола Груевски.

„Тие не се извинија за 27 април и за тепањето на пратеници. Напротив, тие сега сакаат да ги амнестираат. Без усул и достоинство се овие луѓе. Ова се „децата“ на Никола Груевски и Македонија ја разбираат како акционерско друштво“ порача Пендаровски.

Кандидатот за претседател Пендаровски порача дека неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова не се појавува на однапред закажани средби со граѓани во сопствената кампања и ги повика граѓаните на 24 април да гласаат за бројот еден.

„На 24 април гласајте за бројот еден, и на гласачкото ливче, но и во реалниот живот“ порача Пендаровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK