Неверојатно е тоа што Пендаровски им се обраќа на луѓето на митинзи со зборовите „ако не ме гласате, не ме барајте“, вели Мицкоски

mickoski-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното свое обраќање пред граѓаните во општина Василево во рамките на претседателската кампања истакна дека Стево Пендаровски којшто 5 години заборави на Македонија, кажува колку било убаво да ја посети оваа или онаа општина, но 5 години ниту еднаш не дошол во општина како што е Василево и да праша со какави проблеми се соочуваат граѓаните, а сега пред избори ќе дојде и ќе ветува како првпат да се појавува во политиката.



„Сега ќе дојде и ќе ви ветува ќе ви збори небаре првпат се појавува во политиката и како да не е повеќе од 30 години активен во Македонската политика како советник на претседатели, премиери, министри, пратеник, претседател. Нема функција која што Стево Пендаровски не ја извршувал и сега ќе дојде и ќе каже извинете ние згрешивме, ве молам гласајте не и ако и овие 4-5 години повторно грешиме е тогаш дајте ни шут карта. А 30 години заборавил што правел“ потенцираше Мицкоски.

Тој исто така потенцираше дека неверојатно е тоа што Стево Пендаровски им се обраќа на луѓето на митинзи со зборовите „Ако не ме гласате, не ме барајте“.

„Ете таков претседателски кандидат имаме од едната страна. Човек кој не си ја знае земјата и човек којшто замислете вчера во Делчево, на настан, на митинг обраќајќи се на делчевчани им вели ако не ме гласате, не ме барајте. Така им вели ако не ме гласате не ме барајте, значи ако не сум претседател не ме интересирате. Тоа е дефиницијата. Го слушам и не ми се верува, човекот повеќе од три децении е активен во македонската политика“ нагласи Мицкоски и додаде:

„Е тој човек ќе дојде овде, ќе ве гледа во очи и ќе ви кажува колку ве сака, цени почитува и ќе бара поддршка уште 5 години за повторно да не ви види очи. Е тој е човекот којшто денеска и се спротивставува на професорката Гордана Силјановска Давкова позади која што стојам јас, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK